Кошничка (0) Артикл
Меѓу збир 0 ден.
Попуст - 0 ден.
Данок 0 ден.
Трошоци за испорака 0 ден.
Вкупно 0 ден.
product-image
  • СТЕБ 200 литри
  • СТЕБ 200 литри
  • СТЕБ 200 литри
Достапност : Има лагер
Код на продукт :10032
Бренд :Centrometal




Топловодните соларни бојлери ЅТЕВ со волумен од 200, 300 и 600 литри се наменети за загревање и акумулирање на потрошна топла вода искористувајќи ја сончевата енергија, догревање со котелска вода или алтернативно догрејување со електричен грејач. Бојлерите се изработени од нерѓосувачки челик, со што се загарантирани високи хигиенски услови. Користењето на модерна технологија и проверени технички решенија овозможуваат економично користење на расположливите извори на енергија. Посебна вредност на овие бојлери е интегрираната автоматска соларна регулација која ги управува и ги поврзува сите наведени можности во автоматизиран процес. Изработени се во склад со стандардот ISO 9001:2008.

КАРАКТЕРИСТИКИ НА БОЈЛЕРИТЕ ЅТЕВ:

  • Топловодните соларни бојлери ЅТЕВ со волумен од 200, 300 и 600 литри се наменети за загревање на потрошната топла вода искористувајќи ја сончевата енергија, котелска вода или алтернативно догревање со електричен грејач.
  • Изработени се од квалитетен нерѓосувачки челик, со што се загарантирани високи хигиенски услови.
  • Опремени се со модерна соларна автоматска регулација, која обезбедува правилна и сигурна работа, како и економично користење на расположивите енергетски извори.
  • Автоматската регулација овозможува можност за отчитување на поедини карактеристични температури и на добиената енергија од сонцето на осветлен дисплеј.
  • Регулација на температурата на потрошната топла вода.
  • Регулација на колекторскиот круг (најмногу два посебни колекторски кругови).
  • Регулација на котелскиот круг ( најмногу два круга: круг на котелот ложен со масло, гас или тврдо гориво(биомаса) и круг на котелот ложен на тврдо гориво(биомаса)).
  • Регулација на дополнителниот акумулационен бојлер(пр. ТВ бојлер).
  • Сите горе наведени шеми можат да се спроведат со помош на циркулациона пумпа или мешачки вентил.
  • Регулација на електричниот грејач.
  • Заштита на циркулационата пумпа од превисоки температури.
  • Можност за отчитување на карактеристичната температура прикажана на осветлениот дисплеј.
  • Приказ на добиената енергија од сонцето во kWh.
  • Прикажување на пораки на дисплејот на хрватски јазик.
  • Видлив ЛЕД-приказ за вклученоста во работа на поедините елементи на системот.

Available Options

Select: (*)
Radio: (*)
Checkbox: (*)





Артикли во кошничка