Кошничка (0) Артикл
Меѓу збир 0 ден.
Попуст - 0 ден.
Данок 0 ден.
Трошоци за испорака 0 ден.
Вкупно 0 ден.

ЦПК 7210 Н плочест колектор

21.665 ден.
product-image
  • ЦПК 7210 Н плочест колектор
  • ЦПК 7210 Н плочест колектор
Достапност : Има лагер
Код на продукт :102160
Бренд :Centrometal




Плочестите колектори од серијата CPK 7210N Alu претставуваат современ производ со висок квалитет и современ дизајн. Наменети се пред се за системи за загревање на потрошна топла вода, како и за базени и системи за централно греење со акумулација на топлина. Плочестите колектори CPK 7210N Alu се изработени од квалитетни материјали  што им овозможува долг век на експлоатација при секакви временски услови. Со употребата на селективни премази со високи перформанси, како и на една плоча преку целата површина на колекторото се постигнува најдобар можен пренос на топлина по основа на максимално искористување на површината на колекторот.

КАРАКТЕРИСТИКИ НА КОЛЕКТОРИТЕ CPK 7210N Alu:

  • Регистер од бакарни цевки е ласерски заварен и прицврстен за алуминиумска плоча која е премачкана со селективен премаз со високи перформанси со што се постигнува ефект на термичка плоча.
  • Алуминиумската плоча е сместена преку  целата површина на колекторот со што се спречува појавата на воздушна турбуленција, а со тоа и непотребна загуба на енергија.
  • Горната разводна цевка е блокирана на половина од својата должина со што се сотварени два протоци на работниот медиум низ колекторот.
  • Куќиштето на колекторот е изработено од алуминиум во облик на корито и е суво заптивено без употреба на силикон.
  • Соларното стакло со дебелина 3,2 мм е гумено запечатено.
  • Благодарение на добро промислениот протечен систем колекторот има само два приклучоци за спојување од 1”.
  • Меѓусебното спојување на колекторот се врши со помош на припремен “холендер” приклучок.
  • Колекторот со помош на монтажниот сет(дополнителна опрема) може да се вгради на покрив или како слободно стоечки на посебни носачи.
  • Докажаниот систем на инсталација осигурува едноставна, сигурна и квалитетна монтажа во најкраток временски рок.
  • Колекторот е предвиден за монтажа само во вертикална положба.
  • Во една серија се врзуваат максимум 6 плочести колектори.
  • Со инсталацијата на колектор во систем за загревање на потрошна топла вода (ЅТЕВ), вода за базен и систем за централно греење (САЅ-Ѕ, -ВЅ) се штеди гориво и воедно помалку се загадува околината.
  • Колекторот е испитан и сертифициран на Машинскиот факултет во Загреб.


 

Available Options

Select: (*)
Radio: (*)
Checkbox: (*)





Артикли во кошничка