Услуги и решенија
Наши проекти

АК Инвест
– MRS за објект Џагатај Кабло (ТИРЗ Скопје) – Набавка и изведба на термотехнички инсталации ( систем за ладење,греење, вентилација) и гасна инсталација
Read More


Порше Македонија
– Набавка на опрема и изведба на инсталација за греење на нов сервис со гасни инфрцрвени греалки и вентилација – Набавка, транспорт и монтажа на гасен котел Eurobangas – Изведба на инсталации за ладење на сервис и изведба на термотехничка опрема …
Read More
Халк Банка
– Комплетно реновирање клуч на рака (градежен дел, електрика и климатизација со Mitsubishi Electronic). – Набавка и изведба на термотехнички инсталации (греење и ладење), водовод и канализација, градежни работи. – Реконструкција на експозитура на Халк Банка – Тетово – Реконструкција …
Read More
НАСТЕЛ ДОО Скопје
– Набавка, монтажа и пуштање во работа на опрема за централно греење: цевен развод, ормарчиња и радијаторско греење. – Инсталирање на опрема за централно топловодно греење на станбен објект – Изведба на инсталации за водовод и канализација во станбен објект …
Read More
Johnson Matthey
– Изработка на Основен проект за котлара за работа на природен гас, изведба и пуштање во работа на гасовод и гасна инсталација, – Изработка на Основен проект за гасовод и гасна котлара. – Изведување и пуштање во работа на гасовод …
Read MoreБрендови
Comap
COMAP е една од ретките индустриски компании кои ги снабдуваат сите потребни компоненти за комплетна инсталација, од генератор до емитер, за греење, климатизација и санитарни апликации.
Француската индустриска група, COMAP има меѓународно присуство: продажна мрежа во повеќе од 20 земји и пет производни локации во Европа (во Франција, Италија и Шпанија).
Решенијата за поврзување и контрола од страна на COMAP ја намалуваат вкупната потрошувачка на енергија во зградите, истовремено оптимизирајќи ја удобноста и безбедноста. COMAP, исто така, произведува и продава производи за третман на вода, славини и тушеви.
Во 2006 година, COMAP се приклучи на групата Aalberts Industries NV (AI).Centrometal
Високо квалитетен производ, ефикасно користење на енергијата, заштита на животната средина и задоволни клиенти се основните насоки на Центрометал. Оваа филозофија на нашата компанија постојано е присутна почнувајќи од развој, производство, употреба, до одржување на нашите производи, вклучувајќи и обука на нашиот персонал.
Ferro
ФЕРРО е динамична оперативна компанија во индустријата: санитарна опрема, инсталација и технологија за греење, меѓународна капитална група, лидер во продажбата во Централна и Источна Европа, производител чии батерии, тушеви, вентили и грејни тела се присутни во повеќе од 30 земји на 2 континенти.
Mareli
Mareli Systems Ltd е експерт за производство и дистрибуција на котли, печки за пелети и горилници за пелети.
Целта на компанијата е да им обезбедиме на клиентите квалитетни производи по пристапни цени. Следејќи ги трендовите на пазарот, компанијата е во можност да понуди оптимални и ефективни решенија за греење и удобност. Благодарение на ова, и постојаниот професионализам на тимот, производите на Mareli Systems Ltd успешно се продаваат во повеќе од 10 земји.
Вклучувањето на високо-технолошка модерна опрема во производството, придонесува за квалитетот на производите, што ги прави се повеќе привлечни за партнерските домашни и надворешни пазари.Mitsubishi Electric
Mitsubishi Electric е водечки снабдувач на системи за климатизација во светот. Нивните производи се познати по своите енергетски ефикасни перформанси, мирна работа и енергетска заштеда, флексибилна инсталација и ненадминлива сигурност за ладење и греење. Дури и во студените зимски денови, топлинските пумпи обезбедуваат високо ефикасно греење.
За да се овозможи енергетско ефикасно работење и минимизирање на трошоциате, Mitsubishi Electric нуди и широк опсег на контролни решенија. Овие напредни решенија за контрола се дизајнирани да го оптимизираат секој систем според вашите потреби, без разлика дали дома или во канцеларија.Vaillant
Vaillant им нуди на корисниците низ целиот свет енергетски ефикасни и еколошки прифатливи системи за греење, ладење и вентилација, нагласувајќи ги обновливите извори на енергија. Производствената програма ги опфаќа соларните системи, геотермалните пумпи за топлина, вентилационите системи (рекуператор за воздух) за ниско-енергетски објекти, високо функционалните кондензациски гасни уреди за греење, електрични уреди за греење и санитарна топла вода, клима уреди, панелни челични радијатори и комплетна програма за регулирање.