Врз основа на Законот за заштита на лични податоци ( Сл.весник на РМ бр.7/05, 103/08,124/10 и 135/11), Управителите на Друштвото за Друштво за производство, инженеринг,трговија и консалтинг за течни и гасовити горива ЕНЕРГО СИСТЕМ Михајло и Зоран ДОО увоз-извоз Скопје, Сервисна зона југ бб, Реон 40, Скопје-Кисела Вода, Оливер Костовски и Зоран Кондратенко , на ден____________, го донесоа следниот:
ПРАВИЛНИК
За заштита на лични податоци за корисници на картички
I ОСНОВНИ НАЧЕЛА И НАСОКИ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ЗА КОРИСНИЦИ НА КАРТИЧКИ
Член 1
Со овој Правилник се утврдуваат основните начела и насоки за заштита на личните податоци за корисници на картички во Друштво за производство, инженеринг,трговија и консалтинг за течни и гасовити горива ЕНЕРГО СИСТЕМ Михајло и Зоран ДОО увоз-извоз Скопје, Сервисна зона југ бб, Реон 40, Скопје-Кисела Вода( во понатамошен текст: Друштвото ), во согласност со Законот за заштита на личните податоци.
Целта на овој Правилник е да се утврдат насоките за ефикасна заштита на при обработка на личните податоци за корисниците на картички.
II НАЧИН НА ВРШЕЊЕ НА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Член 2
Вршењето на заштита на лични податоци за корисници на картички во Друштвото е исклучиво регулиран согласно одредвите од Законот за заштита на личните податоци.
На секое лице кое употребува картичка во Друштвото му се гарантира заштита на неговите лични податоци во целост на начин определено со Закон за заштита на личните податоци и согласно овој Правилник.
II.1 право на лицата да бидат информирани
Член 3
Сите лица кои користат картички во Друштвото на било кој начин и чии податоци се собираат и чуваат во системот на податоци на Друштвото се информирани за целта на обработка( , идентитетот на контролорот, категориите на личните податоци кои се обработуваат како и кои се категориите на корисници на зачувани податоци.
Лицата чии лични податоци се собираат и чуваат во системот можат во секое време да побараат од контролот да ги информира за обемот или категориите на лични податоци кои се однесуваат за него, за целта и начините на вршење на заштитата на личните податоци.
Контролорот е должен информациите да ги даде во писмена форма, користејќи едноставен и разбирлив јазик, особено кога тоа се однесува за малолетни лица.
II.2 принцип на прецизност
Член 4
Личните податоци собрани и обработени преку системот на друштвото се точни и кога е потребно ажурирани.Не може да се врши менување на личните податоци кои се снимени со видео надзор пред нивната натамошна обработка.
II.3 информации при нивно откривање
Член 5
Во случај кога постои намера податоците да бидат доставувани до трети лица, контролорот ќе ги информира лицата за тоа на кого му се откриваат податоците и за која цел, како и за нивното право да се противат на откривањето поради специфични цели.
III ЗАБРАНА ЗАУПОТРЕБА НА МАТИЧНИОТ БРОЈ НА ГРАЃАНИНОТ
Член 6
Матичниот број на граѓанинот може да се употребува само ако:
– По претходна изречна на созакон утврдени права или обврски на субјектот на лични податоци или контролорот и
– Во други случтврдени со закон.
Контролорот е должен да воид сметка матичниот број на граѓанинот да не биде непотребно видлив , печатен или преземен од збирка на лични податоци.
IV ПРИСТАП НА ОВЛАСТЕНИ ЛИЦА
Член 7
Само лицата со овластување од контролорот или обработувачот , вклучително и самиот обработувач имаат право на пристап до зачуваната меморија каде се чуваат податоците од обработката.
Контролорот и обработувачот чуваат евиденција за лицата кои имаат пристап до зачуваните податоци која содржи:име и презиме, дата на издавање на овластувањето, рок на траење на овластувањето, обем на овластување и начин на пристап податоците.
Пристапот до пдатоците секогаш се реализира од страна на две овластени лица истовремено.
V ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 8
За се што не е регулирано со овој Правилник ќе се применуваат одредбите од Законот за заштита на лични податоци.
Член 9
Овој Правилник стапува во сила со денот на неговото донесување.