• Булевар Србија бр 2, 1000 Скопје

ЗА ЕНЕРГО СИСТЕМ

Филозофијата на Енерго Систем е овозможување на партнерска соработка со своите клиентите во областа на консултански и/или инженерски услуги, надворешен сервис , изнаоѓање на ефикасни економски можности , притоа  применувајќи интегрални и интегрирани решенија, користејќи модерни енергетски технологии кои резултираат со енергетска ефикасност и подобрување на околината, употребувајќи експертско знаење за врвни проектни решенија користејќи квалитетна опрема, добро употребено и применето знаење на тимот консултанти и проектанти кои делуваат хармонично со духот на фирмата како и со задоволување на потребите за ефикасни енергетски решенија за секој индивидуален корисник.

Преку постојано задоволување на инвеститорите и клиентите/купувачите нудејќи им производи и услуги согласно прифатените стандарди и бараниот квалитет, преку соработка со партнерите од својата дејност која придонесува за корист на сите страни, со овозможување на мотивирачка работа и соодветни услови за работа на своите вработени, да обезбедиме континуиран успешен настап на пазарот во Македонија во сорботка со други партнери да ја прошириме сопствената работа на пазарот во поблиското опкружување.

logo

ИСТОРИЈА

1993

Почетоците

Компанијата е основана во 1993 година и е душтво со 100% приватна сопственост на капитал. Нејзини основачи се Зоран Кондратенко и Михајло Костовски кој водени од сопсвената визија за претприемниство , самодокажување ,постојан развој, пазарно стопанисување и почитување на конкуренцијата и потребите на пазарот за инженерски работи во Македонија. Развојот на Енерго Систем од своето основање па се до денес е континуиран и истиот се реализира со јасно дефинирани стратешки цели кои се насочен кон проширување на дејности од областа на инженерсвото.
1994

Нови дејности

Енерго Систем работи на гасоводни системи во индустријата. Во својата дејност вклучува инженеринг и изведување на термотехнички и гасни инсталации.
1996

Сервисни услуги

Во 1996 година својата дејност ја прошурува во областа на сервисни услуги и активности.
2002

Греење и ладење

Трговија со опрема и материјали за греење и ладење.