• Булевар Србија бр 2, 1000 Скопје

Врз основа на Законот за заштита  на потрошувачите ( Сл.весник на РМ бр.38/04, 77/07 И 103/08), Управителите на Друштвото за Друштво за производство, инженеринг,трговија и консалтинг за течни и гасовити горива ЕНЕРГО СИСТЕМ  Михајло и Зоран ДОО увоз-извоз Скопје, Сервисна зона југ бб, Реон 40,  Скопје-Кисела Вода, Оливер Костовски и Зоран Кондратенко , на ден____________, го донесоа следниот:

 

ПРАВИЛНИК

За поврат на средства на потрошувачи на кои им е продаден производ со недостаток

 

I  ОСНОВНИ НАЧЕЛА  НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ПОВРАТ НА СРЕДСТВА НА ПОТРОШУВАЧИ НА КОИ ИМ Е ПРОДАДЕН ПРОИЗВОД СО НЕДОСТАТОК

Член 1

Со овој Правилник се утврдуваат основните начела и насоки за поврат на средства на потрошувачи на кои им е продаден производ со недостаток во Друштво за производство, инженеринг,трговија и консалтинг за течни и гасовити горива ЕНЕРГО СИСТЕМ  Михајло и Зоран ДОО увоз-извоз Скопје, Сервисна зона југ бб, Реон 40,  Скопје-Кисела Вода( во понатамошен текст: Друштвото ), во согласност со Законот за заштита на потрошувачите.

II НАЧИН НА ВРШЕЊЕ НА ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ НА КОИ ИМ Е ПРОДАДЕН ПРОИЗВОД СО НЕДОСТАТОК

Член 2

Потрошувачот на кого му е продаден производ со недостаток има право по свој избор да бара:
–    Бесплатно отстранување на недостатоците на производот или надомест на трошоците направени за отстранување на недостатокот;
–    Сразмерно намалување на продажната цена;
–    Замена на производот со соодветен производ со иста трговска марка,тип, дизајн или ознака за потекло и географска ознака на производот;
–    Замена на производот со соодветен производ со друга трговска марка, тип, индустриски дизајн или ознака за потекло  и географска ознака на производот со соодветно намалување или зголемување на производната цена и  надомест на претрпената штета.

Потрошувачот нема право да го раскине договорот ако недостатокот на производот е минимален.

Член 3

Барањето од член 2 потрошувачот по свој избор, може да го поднесе пред  надлежен  Инспекциски орган или до трговецот или до дистрибутерот, во местото на купување на производот или во местото на своето живеалиште.

III УСЛОВИ ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВАТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ

Член 4

Потрошувачот за да ги оствари правата од член 2 и член 3 на овој Правилник, дожен е да приложи фискална сметка за производот , односно јасна и видлива и читливо напишана сметкопотврда, а за производите за кои постојата рокови за гаранција и гарантен лист или друг документ што го заменува.

Трговецот или производителот е должен да го прими производот со недостаток од потрошувачот и  да ги задоволи неговите барања, освен ако не докаже дека недостатоците на производот настанале поради повреда на правилата за употреба и чување од страна на потрошувачот , трети лица или виша сила.

Член 5
Потрошувачот има право да присуствува при проверка на квалитетот на производот.

IV ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊА

Член 6

Потрошувачот има право да го поднесе барањето од член 2 , доколку недостатоците  на производот се откриени во гарантниот рок, односно во рокот во кој може производот да се употребува што го определил производителот.

V РОКОВИ И НАЧИН НА ОТСТРАНУВАЊЕ НА НЕДОСТАТОЦИТЕ

Член 7

Недостатоците кои се откриени  од страна на потрошувачот, трговец е должен да ги отстрани во рок од 30 дена од моментот на поднесување на барање од страна на потрошувачот или по добивање на решение од надлежен инспекциски орган со кое е наредено трговецот да го отстрани недостатокот во определен рок.

За  производите кои служат за потрајна употреба трговецот е должен , по приемот на барањето од потрошувачот , веднаш да му достави соодветен производ кој ќе го користи за време на поправката.

Во случај на отстранување на недостатокот  на производот, гарантниот рок се продолжува за време за кое производот не бил користен.

Член 8

Кај замена на производот со недостаток за производ со иста трговска марка, тип, индустриски дизајн или ознака за потекло  и географска ознака на производот, не се врши ревизија на цената ако во меѓувреме дошло до промена на цената на тој производ.

При раскинување на договорот со потрошувачот,  а во случај ако во меѓувреме дошло до зголемување на цената на производот, се врши ревизија на цената на производот, при што се зема в предвид цената на производот во моменната на  на истакнување на барањето, а во случај ако дошло до намалување на цената на производот , тогаш се зема во предвид цената на производот во моментот на купувањето.

При замена на производот со недостаток со производ со друга трговска марка, тип, индустриски дизајн или ознака за потекло и географска ознака на производот,во случаи кога цената на производот е зголемена, ревизија на цената на производот се врши врз основа на цената на производоткоја важи во моментот на замената.

На потрошувачите на кои производот им е продаден на кредит, во случај на раскинување на договорот, им се враќа паричниот износ кој на име на плаќање на кредитот е уплатен до моментот на враќање на производот.

VI ЗАМЕНА СО ДРУГ ПРОИЗВОД

Член 9

Потрошувачот кај кој е купен производот има право да го замени производот што има соодветен квалитет, а што не одговара во однос на формата, големината, моделот и бојата или од други причини освен ако е купен изготвен по нарачка од потрошувачот врз основа на писмен договор.

Потрошувачот правото од став 1 има право да го оствари во рок од 15 дена од кога е купен производот.

Замена на производот се врши ако производот не е употребуван, ако е сочуван изгледот на производот, употребни својста, пломби, фабрички етикети, како и фискалната сметка за производот .

Ако во моментот на поднесување на барањето на потрошувачот, трговецот нема соодветен производ, потрошувачот има право по свој избор да бара:
–    Да го раскине договорот и да бара враќање на платениот паричен износ или
–    Да го замени производот со соодветен кога ќе има таков производ.

Трговецот е должен да го извести потрошувачот кој барал замена дека има таков производ за продажба во рок кој не може да биде подолг од 30 дена од денот на приемот на барањето.

 

VII ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 10
За се што не е регулирано со овој Правилник ќе се применуваат одредбите од Законот за заштита на потрошувачите.

Член 11
Овој Правилник стапува во сила со денот на неговото донесување.