
Geberit
Компанија Геберит
Водечка европска компанија за санитарни производи
Групацијата Геберит е водечка европска компанија за санитарни производи и е активна низ целиот свет. Групацијата Геберит се карактеризира со силно локално присуство во повеќето европски земји, што претставува единствена додадена вредност во областа на санитарната технологија и во областа на санитарната керамика.
Капацитетите за производство вклучуваат 29 производствени погони, од кои 6 се во прекуокеанските земји. Седиштето на групата е во Раперсвил-Јона, Швајцарија. Со повеќе од 12.000 вработени во околу 50 земји, Геберит оствари нето обрт од 3,1 милијарди швајцарски франци во 2019 година. Акциите на Геберит се на Швајцарската берза SIX. Од 2012 година, акциите на Геберит се составен дел од ДПИ (Швајцарски пазарен индекс).
Геберит создава квалитет на живот
Одржливоста е дел од нашиот идентитет со децении и добри резултати: за животната средина, општеството, клиентите и партнерите, за вработените, како и за акционерите.
На пример, во форма на производи за заштеда на вода, нови логистички решенија, енергетски ефикасно производство, но и преку одговорно образование.